Удриле во дива свиња на пат, повредени двајца од Гевгелија


На 10.10.2026 во ОВР Гевгелија е пријавено дека во 21:20 часот на регионален пат, од крстосница за село Ѓавато до кртосница за село Богородица, гевгелиско, мотоцикл „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Н.Р.(32) од Гевгелија, удрил во дива свиња, која излегла на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката В.Р.(30) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото изврши екипа на Полициската станица Гевгелија.