Удар со чекан по глава или лудница го чека Путин, тврди поранешен офицер на ЦИА


 

Даниел Хофман, поранешен виш офицер на ЦИА, тврди дека рускиот претседател Владимир Путин може да заврши како Троицки кој по наредба на Сталин е убиен со секира.

„Владимир Путин би можел да биде убиен во таен заговор од сопствениот потесен круг луѓе. Неговите помошници ќе бараат начин да го симнат ако руската инвазија на Украина не успее“, рече Хофман и додаде дека секој таков обид за симнување на Путин ќе биде ненадеен, брз и потенцијално смртоносен, пренесе Индекс.хр.

„Момчињата кои тоа ќе го направат ќе бидат толку таинствени во врска со тоа што и Путин нема да се посомнева3, вели Хофман.

„Тоа ќе се случи одненадеж. И Путин ќе биде мртов“, додаде тој.

„Никој нема да го праша Путин – Еј, сакаш ли да умреш? Не. Нападот ќе биде ненадеен. Можеби ќе биде удар со чекан по глава. Постои опција и да го сместат во лудница, тоа е исто така извесно сценарио“, додава офицерот на ЦИА.

Според Хофман, постојат три клучни фигури кои може да стојат зад заговорот.

Тоа се министерот за одбрана Сергеј Шојгу, Николај Патрушев, претседател на Советот за безбедност и Александар Бортников, директор на тајната разузнавачка агенција ФСБ.