Ученик пукаше во училиште во Белград, има загинати и повредени


Утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште во Врачар. Ученик од седмо одделение е застрелан на час, убиен е чувар, а  неколку деца се повредени, потврдено е за Бе92.нет.

Момчето кое пукало е уапсено.

Ученикот, момче на 14 годишна возраст пукало во ОУ „Владислав Рибникар“. Од полицијата велат дека сѐ се случило на час, кога момчето извадило пиштол и почнало да пука. Тој испукал неколку истрели.

Загина чувар, а не се знае точниот број на повредени ученици. Сè траело неколку минути, велат од полицијата.

Според неофицијални информации, едно момче и едно девојче се пренесени во Ургентниот центар. Некои медиуми наведуваат и дека меѓу децата има  мртви, но оваа информација не е потврдена, како и тоа дека неколку ученици биле пренесени на Детската клиника.

На терен се три екипи на Брза помош и голем број полицајци. На местото на настанот излезе и министерката за здравство на Србија, која според снимките од камерата на ТВ Прва,  видно е потресена.