Убиство во казино во скопски Капиштец


Утрово во 8.05 часот пријавено е пукање во локал на ул „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во близина на Млечен ресторан.

Наводно,  Н.А. (46) од село Арачиново им подлегнал на повредите, пишува 24 Инфо.

Полицијата го има оградено просторот околу казиното каде се случило пукањето и трае постапка за собирање докази, јавува МКД. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот дознава 24 инфо од полициски изво

Од Министерството за внатрешни работи најавени се детели за пукањето од кое граѓаните се вознемирени утрово. 

„Во 08.05 часот во СВР Скопје пријавено е дека во казино лоцирано на булевар ‘М. Т. Гологанов’ едно лице пукало во Н.А. (46) од село Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. подлегнал на повредите. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.