Убиени четири лица во Хрватска, меѓу кои и познат бизнисмен


Познат бизнисмен од подрачјето на Шибеник во Хрватска е убиен денеска во Водице, додека околу половина час подоцна пронајдени се тројца мртви во објект на Јужната магистрала.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, полицијата за сега не ги потврди наводите, а според неофицијални информации, четирите убиства се поврзани.

Познатиот бизнисмен е убиен од автоматска пушка додека бил во автомоби пред една продавница во Водице, додека напаѓачот е во бегство. „Слободна Далмација“ пак наведува дека убиецот кој ги застрелал четирите жртви, меѓу кои и една жена, се самоубил скокајќи од шибенскиот мост, но информацијата не е потврдена.

Портпаролот на шибенската полиција Шиме Павиќ не можеше да ги потврди наводите за убиство, но како што јавија медиумите, на терен се силни полициски екипи, а дел од градот е под опсада.

Полицијата подоцна соопшти дека најдени се тела на четворица, а нивната смрт настапила насилно.