Убиена мечката во САД што сред ноќ извлече жена од шатор и ја уби


 

Убиено т гризлито што во американската сојузна држава Монтана извлече жена од шатор и ја уби, пишува Би-би-си.

Леа Локан, 65-годишна медицинска сестра од Калифорнија, сопрела во градот Овандо, во текот на патувањето на велосипед за да кампира.

Во текот на нападот што се случи во вторникот, капмерите со спреј за мечки успеале да го избркаат гризлито од локацијата за кампирање.

Но, несреќната камперка смртно настрада.

Ловот на мечката траеше три дена

Властите не ја убиваат секоја мечка што ќе нападне човек, но одговорните служби велат дека оваа мечка поради природата на нападот се смета за закана.

Мечката во капот дошла околу 3 часот ноќта, но побегнала.

Локан и нејзините сопатници, кои престојувале во одвоен шатор, извадиле храна од шаторот и продолжиле да спијат.

Но, мечката набрзо се вратила и се случил смртоносниот напад.

Надлежните служби ја ловеа мечката три дена со помош на замки и инфрацрвено зрачење.