Убиен полициски инспектор во БиХ, уапсени се четворица


Полицискиот инспектор Ненад Марковиќ е убиен синоќа во престрелка во Бјелина, а четири лица се уапсени под сомнение дека се поврзани со ова дело, пренесе „Klix.ba“.

Убиството се случило синоќа по полноќ пред ноќниот клуб „Џил“ во центарот на Бјелина, БиХ. АТВ неофицијално дознава дека Марковиќ на излегување од клубот бил погоден од два истрели од огнено оружје, пренесува „Српскаинфо“.

На местото на настанот има голем број полицајци, кои по убиството го блокирале поширокиот простор околу местото на злосторството, а ги запреле и контролирале сите возила и случајни минувачи.

Во тек е истрага, која ја води дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство во Бјелина. Се истражуваат точните околности на убиството.

Убиениот Ненад Марковиќ работел како инспектор во Полициската станица 2 во Бјелина.