Убиен контраразузнавач на ФСБ


Седиштето на тајната служба ФСБ во Москва

Контраразузнавачот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) Владимир Фешченко е пронајден мртов во зградата на руското Министерство за одбрана во Москва, јави руската државна агенција РИА Новости.

Прелиминарните информации сугерираат дека тој е убиен, изјави неименуван извор за новинската агенција.Телеграмскиот канал База кој го поддржува Кремљ, исто така, тврди дека смртта на Фешенко била насилна, велејќи имал длабок рани на челото.
 
Телото е откриено во зграда на улицата Олховска, каде се сместени Министерството за одбрана на Русија и Канцеларијата на ФСБ за Московскиот воен округ.