Убиен глумецот Томас Џеферсон Брд, ѕвезда од филмовите на Спајк Ли


САД – Томас Џеферсон Брд, познат по филмовите на режисерот Спајк Ли, беше пронајден со неколку куршуми во грбот. Глумецот имаше 70 години.

Американскиот актер, полицијата го пронашла во саботата наутро во Атланта, Џорџија, САД. Лекарите на местото каде што бил пронајден, можеле само да ја констатираат смртта.

„Том е мој пријател“, напиша Спајк Ли на Инстаграм, додавајќи дека се чувствува многу тажно.

Истрагата е во тек, а полицијата досега не уапсила никого.

Брд стана филмски глумец на 45-годишна возраст, кога Спајк Ли му понуди споредна улога во филмот „Дилери на мало“. Од претходно има и богато театарско искуство. За бродвејската „Ma Rainey’s Black Bottom“, тој ја доби и престижната американска театарска Тони награда за најдобар глумец гостин во една претстава.

Последни проекти каде што тој имаше своја улога, се сериите „She’s Gotta Have It“ (2017 – 2019) и „The Last O.G.“ (2020) и, филмовите „Chi-Raq“ (2015) и „Freedom’s path“ (2020), кој допрва треба да го има своето прво прикажување.