Убиен е еден од главните команданти на Хамас


Ајман Нофал

 

Во израелски воздушен напад врз Газа, убиен е еден од најпознатите команданти на Хамас Ајман Нофал, потврди самата терористичка организација.

Тој беше член на Генералниот воен совет и командант на бригадата Ал Касам – вооруженото крило на Хамас.

„Тој беше убиен во варварско ционистичко бомбардирање, чија цел беше кампот Буреиј во централниот дел на Појасот Газа“, соопшти Хамас.