Убиецот од Белград го планирал нападот еден месец и сам се пријавил на полицијата
Претставникот на МВР на Србија, Веселин Милиќ изјави дека во 8,42 часот била повикана полиција од едно лице, кое се претставило како Коста Кецмановиќ и рекло дека пукало во неколку лица.
Тој рече дека прво помошник-директорот на училиштето повикал полиција и дека веднаш биле испратени патроли.
Убиени се седум девојчиња и едно момче, рече Милиќ, а на местото на настанот е пронајдено оружје.
Тој изјави дека осомничениот масакрот го планирал еден месец и дека имал список и дека си поставил приоритетни цели. Убиецот во својот ранец имал и четири молотови коктели.
Тој ја избрал училницата која била во близина на влезот, а првиот час во неа го имал неговото одделение, а пиштолот и оружјето му ги ги зел од татко му, рече Милиќ.
Во Србија е прогласена тридневна жалост што ќе почне од петок.