Убиец носен на судење ѝ избега на хрватската полиција, цел Сплит блокиран

На сплитската правосудна полиција утрово ѝ побегна притвореник со лисици на рацете.

Неофицијално, како што пренесуваат хрватските медиуми се работи за Бранимир Чалета, кому му се суди во жупанискиот суд.

Него, полицијата го однела во суд, а по излегувањето, кога требало да го качат во комбето, тој побегнал.

Полицајците испукале куршуми во воздух со цел да го спречат бегството, но тој сепак побегнал.

Полицијата трага по него, а подоцна беше објавена и фотографија, при што од граѓаните се бара доколку го забележат да се јават во полиција. Тој носи бело сина маичка со куси ракави и фармерки. Висок е околу 180 сантиметри и е слаб.

Постои сомнеж дека ги извадил лисиците од рацете при бегството, но тоа не е потврдено.

Цел Сплит и околината се пребаруваат, а заторени се сите патишта за излез од градот. Се проверуваат сите возила.

Редици се формираа по патиштата за влез и излез од градот. Бегалецот се уште не е уапсен.

Нему му се суди за убиство на Украинка во осми месец од бременоста.