Убиен млад милионер – делови од телото сечени со моторна пила


 

Расчереченото тело на милиониерот Фахим Салех (33), извршен директор на најголемата курирска служба во нигериската престолнина Лагос, пронајдено е во неговиот луксузен стан во Њујорк на Менхетен.

Си-ен-ен пишува дека надзорните камери во зградата во кој богатиот Салех неодамна купил луксузен стан ги забележале неговите последни моменти. На снимките се гледа како тој влегува во лифт, а по него и маж во црно, кој носел ракавици, качкет и маска преку лицето.

полицијата верува дека станува збор за професинално убиство и го бара убиецот.

Сестрата на Салех која била загрижена зошто братот не се јавува, отишла до неговиот стан и затекнала ужасна глетка. Електричната пила која била употребена за сечење делови од телото сѐ уште работела, а гравата, рацете и нозете биле спакувани во пластични кеси.

Полицијата е изненадена што на местото на злосторството нашле малку крв, со оглед на тоа дека телото било распарчено. Се верува дека повеќето од крвта ја отстранил самиот убиец.

Истражителите се сомневаат дека сестрата на Салех го прекинала убиецот кој ги пакувал деловите од телото и се обидуваат да утврдат дали убиецот избегал од другит излез. За мотивите на убиството не се знае ништо/

Смртта на Салех ја потврди и неговото семејство.

„Бројни наслови во медиумите зборуваат за злосторството кое никако не можеме да го прифатиме. Фахим беше повеќе од она што го читате. Имаше сјаен и иновативен ум, а беше човек што му помагаше на секој на кој му требшае помош. Не постојат зборови на утеха кои може да го ублажат губитокот на нашиот сакан човек кој никогаш никому не направи никакво зло. Само со фаќање на убиецот веруваме дека правдата ќе биде делумно задоволена“, се вели во официјалното соопштение.

Се огласија и од комапнијата Гокада чиј извршен директор беше Салех.

„Фахим беше сјаен водач, инспирација, позитивен човек и светло кои нѐ осветлуваше сите. Нашата љубов и мислите се со неговото семејство, пријателите и сите оние кои во моментот чувствуваат неизмерна болка како нас кои бевме составен дел од неговиот живот. За сите нови информации ќе биде известени, а Фахим ќе остане засекогаш во нашите срца“, напишаа од комоанијата.

Салех е некогашен програмер кој станал извршен директор на најголемата курирска служба во нигериската престолнина во Лагос. Неговата фирма „Гокада“ неодамна се најде на удар на нигериската влада и мораше да отпушти од работа половина од вработените и да го пренасочи своето делување во доставата.

Според неговите пријатели, Фахим своето богатство го стекнал сам, а негова страст биле гаџети и видеоигри. Како што велат, неговата цел била да ги доведе технолошките компании во неразвиените земји, како Нигерија и Индонезија.