Уапсени европски дипломати во Техеран: Правеле забава за мажи и жени


Иранската полиција уапсила двајца европски дипломати кои биле гости на забава на која присуствувале и мажи и жени, што во Иран е забрането со закон.

Британскиот и холандскиот дипломат биле пуштени многу брзо по апсењето, откако било потврдено дека работат за странски влади.

Според локалните медиуми, на забавата во Техеран имало неколку мажи и жени, и нема информации дали бил служен алкохол.

Во Иран е забрането пиење алкохол и собирања на мажи и жени кои не е во сродство, но двете активности им се дозволени на малобројните христијани.