Уапсени четворица поради поседување кокаин


Во два одделни случаи, полицијата од тетовско задржа тројца поради поседување на кокаин.

Имено, полицијата во тетовско Жеровјане ги лишила од слобода 23-годишниот Х.Ј. и 29-годишниот Л.М. од Тетово. При нивен и преглед на возилото „Фолксфаген Пасат“ со тетовски регистарски таблици, во кое се наоѓале, а кое било паркирано во близина на бензинска пумпа, пронајден и одземен е кокаин. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во тетовско Боговиње пак, запрено е патничко возило „БМВ“ со швајцарски регистарски ознаки, што го управувал 30-годишниот Е.Х, а во кое се наоѓал и 29-годишниот А.Ш, двајцата од гостиварското село Добридол. При преглед, извршен од полициските службеници на СВР Тетово, пронајден им е кокаин, поради што двајцата се лишени од слобода и задржани за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок.