Уапсени 33 мигранти во близина на Струмица


Полициска патрола привела 33 мигранти кои се движеле во група во близина на границата со Грција.

Во групата имало 21 државјанин на Авганистан, седум Пакистанци, тројца Ирачани и двајца Иранци.

Тие се воочени во близина на Струмица.

Властите веруваат дека мигрантите влегле во земјата илегално преку Грција.

Мигрантите се префрлени во притворскиот центар во Гевгелија, каде ќе се чека решение за депортација во Грција.