Уапсена Босанката по која трагаше цела Германија


 

Мирнеса С, која германската полиција ја сомничи дека украла еден милион евра, е уапсена на аеродромот во Штутгарт, пренесува „Билд“.

Како што пренесуваат германските медиуми, таа преку својот адвокат изјавила дека ќе се предаде во 19,45 часот на аеродромот во Штутгарт. Во тек е истрага за тоа каде се парите. Таа утрово се појавила пред судот за прекршоци, јавуваат медиумите во Германија.

Ја променила бојата на косата, па била уапсена на аеродромот во Штутгарт како бринета.

Мирнеса С, која во јавноста стана позната под прекарот Мики, е осомничена дека украла повеќе од еден милион евра од компанијата за транспорт на пари во Штутгарт каде што била вработена на 14 октомври минатата година. Наводно, таа е по потекло од БиХ, а работела како келнерка во Штутгарт.

На својот Инстаграм профил објави фотографии на кои се гледа како се забавува облечена во брендирана облека.

Полицијата ја бараше од средината на минатиот октомври, а за неа беше објавена награда од 37.500 евра.