Уапсена 65-годишна жена што треба да одлежи 17 години затвор


Утринава е уапсена 65-годишната Б. П. од Скопје, која се барала со централна, но и меѓународна потерница, информира МВР.

-На 18.06.2020 во 09,00 часот полициски службеници од СВР Скопје од ул. „Гостиварска“ на подрачјето на Ѓорче Петров ја лишиле од слобода Б.П.(65) од Скопје бидејќи се барала по потерница за издржување на казна затвор во траење од 17 години за сторени кривични дела “измами“ и “даночно затајување“- стои во дневниот билтен.

Потоа била спроведена во Казнено поправната установа Затвор Идризово на издржување на казната затвор.