Уапсен студент на Универзитетот Корнел поради антисемитски закани


Американските федерални обвинители вчера обвинија студент од Универзитетот Корнел, кој упатувал онлајн закани кон еврејските студенти и наводно повикувал на убиство на Евреи во текот на викендот.

Апсењето на 21-годишниот Патрик Деј уследи откако официјални лица на вчерашното конгресно сослушување предупредија на зголемување на омразата насочена кон еврејските студенти во САД за време на израелско-палестинскиот конфликт во Појасот Газа.

Деј е обвинет за објавување пораки на онлајн форумот на Универзитетот Корнел, кои вклучуваат повици за смрт на Евреи и закани дека ќе „пука“ во трпезарија во кампусот каде се служи кошер храна.

Американската администрација и Лигата за борба против клеветата известија за зголемени закани кон Евреите, муслиманите и арапите откако изби конфликтот во Појасот Газа.