Уапсен млад маж во Кисела Вода поради сообраќаен прекршок


 

Уапсен млад маж во скопска Кисела Вода. 

Денеска (29.04.2024) во 03.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје го привеле Т.У.(24) од РепубликаТурција, со престој во Скопје, поради сторен прекршок по член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, соопштија од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.