Уапсен грчки поп бидејќи повикувал верниците да не носат маска во црква

Грчката полиција, вчера уапсила поп од островот Калимнос поради тоа што преку социјалните мрежи ги повикувал верниците за вчерашниот празник Пресвета Богородица да не носат маска за време на посетата на црквите, објавија грчките медиуми.

Според истите информации, попот бил уапсен за ширење лажни вести, бил изнесен пред јавен обвинител и ослободен, а за октомври е закажан судски процес, јави дописничката на МИА од Атина.