Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ поради сообраќајка под дејство на дрога


Белград– Актерот, политички активист и поранешен претседател на Движењето на слободни граѓани, Сергеј Трифуновиќ е уапсен поради предизвикување сообраќајна несреќа под дејство на дрога, објави Политика.

На 28 мај во 19.40 часот во Врачар, Трифуновиќ управувајќи моторцикл „веспа“ се судрил со автомобил.

По извршеното тестирање било утврдено дека Трифуновиќ бил позитивен на кокаин и канабис, па бил приведен во полиција. Тогаш му било одредено задржување во времетраење од 12 часа поради дрога.

Утврдено е дека Трифуновиќ не е одговорен за сообраќајната незгода, пишува српски Курир. Во несреќата нема повредени, но причинета е материјална штета.

Се прослави со улогите во филмовите Убиство со умисла, Хорнет, Спасител, Молња!, Кога ќе пораснам ќе бидам кенгур, Караула и сериjaта Црна Груја.

Во март 2014 година ја основа хуманитарната организација „Подржи живот“ со главна цел собирање на потребните средства за лекување на деца, за операции, набавка на лекови и медицински помагала. По децении социјален и политички активизам, тој стана претседател на Движењето на слободни граѓани во 2019 година, по што го следат разни контраверзи.

Добитник е на многубројни награди и признанија, како што се: Стериината награда, Царот Константин, статуетката Куран, наградата Зоран Радмиловиќ и други.