Тврдокорните се закануваат: Нема да ја замолчите црквата


Здружението „Тврдокорни„ кое е дел од Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“  реагира на вчерашните најави за забрана на литургиите во македонските православни храмови.

-Разни делови од народот исполнуваат свои должности во името на сите. Некои од нас во името на народот ја бранат татковината, некои даваат услуги, некои работат на материјалната издршка, а некои во името на сите се молат и се застапуваат пред Бог.

Ако никој не служи во Македонија, нема кој да не застапува пред Бог. Ние православните христијаните без литургија сме мртви. Тоа нам ни е храната за да живее духот. Да се превземат сите стандардни мерки на заштита, но отворено кажуваме, не доаѓа во предвид да дозволиме служењето пред Бог да биде спречено.Оставете го ова прашање, затоа што нашиот одговор ќе биде бескомпромисен.

Постојат работи и полоши од корона вирусот. Да не се надеваат безбожниците дека начекале прилика за да ја замолчат Црквата. Како што рече еден православен Владика ако се отворени и работат фабриките, ако работи градскиот превоз тогаш со истите мерки ќе делуваат и православните храмови. Работете си ги работите ,оставете ја Црквата да си ја остварува својата духовна и народна служба, стои во соопштението на Тврдокорните.