Твитерџиите за Евровизија: „Тамара за Мадона е Калиопи“
Холандскиот претставник Данкан Лоренс со песната „Arcade“, победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, што се одржа во Тел Авив, Израел. Нашата претставничка Тамара Тодевска со песната Proud („Горда“), се пласираше на осмото место, и го освои највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија.
Второпласирана е Италија, а третото место го освои претставникот на Русија. Четвртото место го освои Швајцарија, а петтото Норвешка.
Северна Македонија доби 12 поени од Австрија, Велика Британија, Албанија, Молдавија, Србија и Швајцарија, а Тамара во текот на речиси целото гласање беше на врвот на табелата.
Тодевска гласањето на жирито го заврши на второто место со 237 поени, зад Шведска со 239 бодови, а на крајот по гласањето на публиката се пласираше на осмото место.
Ви пренесуваме дел од најкреативните твитови:
Тамара поубаво пее во живо од Мадона.
— Nívea (@Frencique) May 18, 2019
Тамара за Мадона е Калиопи.
На крај и пуштија аутотјун за да не се бламира— josifman (@josifman) May 18, 2019
Macedonia so far for me!
— Boy George (@BoyGeorge) May 18, 2019
Мадона не може тон да погоди ахахаха мајко мила што се дешава
— Фикси (@FilipFiksi) May 18, 2019
После настапот на Мадона, XXL седат дома и викаат: “Фаул!”
— Dime (5,48829 ден.) (@DimeS10cent) May 18, 2019
Madonna go home! Learn how to sing and then come back again! #Eurovision
— Скопски Пеер (@Skopski_Peder) May 18, 2019
Малку ми е криво што Тамара не се качи на сцена да ја испее Like A Prayer како што треба.
— V!DanaDsgn (@VidanaDeSign) May 19, 2019