Твитер реакции за гласањето во Софија: И Дедо Мраз е Бугарин!

Фото: Б. Грданоски

Одлуката на бугарскиот парламент со која Кирил и Методиј беа прогласени за бугарски просветители, а кирилицата за бугарско писмо, наиде на големи реакции на социјалните мрежи. Еве некои од нив:

  • И Дедо Мраз е. (Стојанче Ангелов)
  • Од таа страна на разумот! (Владимир Милчин)
  • ЕУ треба одвреме навреме да започне со преиспитување на своите членки …
  • Бугарија е за жалење кога стигна креатор на целата политика да и биде Каракачанов, обичен полициски информатор, шпион доброволец кој им се додворуваше на властите за најмизерни привилегии, кој беше (и е) исмејуван во неговата земја!
  • СИЛНА „демократија“, ха!
  • Господ да ни е на помош, Татарите ни дадоа писмо, Господ да нѐ чува и брани од ваквите глупости, бидејќи само глупостите се бесконечни.
  • Кога некој народ нема своја историја, тој мора да украде историја на друга нација, така е и со Бугарија.Не се без историја, но нивната историја е срамна и затоа ја кријат.
  • Бугарите се преправаат дека никој не им може ништо.
  • Бугарите ги присвоија Кирил и Методиј и кирилицата – од денес пишуваме на бугарски јазик.
  • Кирил и Методиј се од Солун, Климент е од Охрид, немаше Бугари и ги нема во Солун или Охрид.
  • Додека не занимаваат со наводно бранење на Гоце Делчев, никој не спомнува дека Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Св. Наум, Цар Самоил и Прличев, македонската страна во Комисијата веќе ги прогласи за Бугари.
  • Кирил и Методиј биле Бугари?! Пак ќе речам: Секој Бугар кога ќе порасне сака да биде Македонец!
  • Овие и Филип втори ќе го прогласат за Бугарин …
  • Свети Кирил и Методиј се официјално БУГАРИ, кирилицата е бугарска и тоа е НОВИОТ УСЛОВ ЗА ЕУ!
  • Доколку Бугарите го прогласат 24 мај за ден на бугарски јазик, тие самите ќе ја негираат историјата. Кирил умрел во 869 година, Методиј во 885 година, а Бугарите го прифатиле словенскиот јазик во црквата и државата во 893 година. Кирил и Методиј ниту биле Бугари, ниту го знаеле нивниот јазик.
  • Кирил и Методиј го ширеле христијанството меѓу Татарите кои биле пагани, но за жал не успеале во тоа, но успеале Климент и Наум Охридски и Константин Брегалнички. Денешните Бугари со нивните фалсификат претензии кон Македонците и сесловенските просветители се трагикомедија.
  • Сега јасно ли ви е зошто Бугарите ви даваа пасош?
  • Се очекува бугарскиот парламент наскоро да изгласа резолуција дека Адам бил Бугарин, Ева била Бугарка, јаболкото било бугарски црвен делишес, а змијата била бугарски поскок.