Твитер не го сака Маск, ќе се брани со сите средства


Твитер во петокот објави дека неговиот одбор на директори едногласно усвоил одбрана според системот „отровни апчиња“ како одговор на предлогот на извршниот директор на Тесла, Илон Маск, да ја купи компанијата и да ја преземе во целост.

Стратегијата на одбрана „отровни апчиња“ им дава право на постојните акционери да купат дополнителни акции со попуст, што ефективно го намалува сопственичкиот интерес на непријателската страна.

„Отровните апчиња“ се крајната стратегија меѓу компаниите погодени од активистички инвеститори или во непријателски ситуации за преземање.

Овој потег ќе им овозможи на постојните акционери на Твитер да купат дополнителни акции со попуст, што ќе го намали уделот на Маск во компанијата и ќе му отежне да собере мнозинство од гласовите на акционерите за купувањето.

Планот на Твитер ќе стапи на сила доколку уделот на Маск се зголеми од околу девет отсто на 15 отсто или повеќе.

Твитер соопшти дека „отровната таблета“ ќе им овозможи на инвеститорите да ја „остварат целосната вредност на нивната инвестиција“ со намалување на веројатноста дека некој може да добие контрола над компанијата без да плати премија на акционерите или да му даде повеќе време на одборот да ја оцени нивната понуда. Ваквите одбрани, формално наречени планови за правата на акционерите, се користат за да се спречи преземањето на корпорацијата со тоа што секое преземање ќе биде прескапо за понудувачот, пренесува Сеебиз.

Но, Маск сепак би можел да ја преземе компанијата со тоа што ќе води „борба преку полномошник“ во која акционерите гласаат за задржување или смена на актуелните директори на компанијата. Твитер соопшти дека планот не го спречува одборот да се вклучи со некоја страна или да прифати предлог за купување, доколку тоа е во најдобар интерес на компанијата.

„Тие се подготвуваат за битка со Маск“, рече Даниел Ајвс, аналитичар за Wedbush Securities. Тие, исто така, треба да си дадат време да се обидат да најдат друг потенцијален купувач.“