Твитер ќе го брише секој коментар против вакцините

Компанијата Твитер денеска соопшти дека ќе побара од своите корисници самите да ги отстранат твитовите во кои наведуваат лажни или погрешни тврдења за вакцинација против коронавирусот, јавија британските медиуми.

Оваа социјална мрежа соопшти дека од корисниците ќе биде побарано да ги избришат коментарите во кои се наведува дека вакцините се „намерно дизајнирани да предизвикаат штета или полесно да се контролира населението, вклучително и коментари во кои се наведува дека вакцините се дел од глобален заговор“.

На корисниците на Твитер, исто така, ќе им биде забрането да пишуваат дека пандемијата не е реална или не е сериозна и дека вакцинирањето е непотребно.