Твитер го блокираше Стив Банон откако повика на обезглавување на Фаучи и шефот на ФБИ (видео)

Твитер го блокираше Стив Банон, поранешен висок советник на американскиот претседател Доналд Трамп, откако изјави дека директорот на ФБИ, Кристофер Реј и водечкиот експерт за инфективни болести д-р Ентони Фаучи треба да бидат обезглавени и главите да им бидат поставени на кол пред Белата куќа.

Банон ги даде коментарите синоќа додека е се уште со кауција од пет милиони долари. Тој е обвинет за федерални обвиненија за лажење луѓе за да донираат пари на невладина група што работи на изградба на ѕид на јужната граница на САД.

Портпарол на Банон објасни дека тој не повикал Фаучи и Реј да бидат обезглавени, но зборувал метафорички. Портпаролот додаде дека тој никогаш не повикал на насилство.

Портпарол на обвинителството во Њујорк одби да коментира дали ќе побараат од федералниот судија во Менхетен да ја поништи кауцијата на Банон.

Банон коментираше во својата емисија „Воена соба: пандемија“ додека анализираше за хипотетички втор мандат на претседателот Доналд Трамп.

Банон ја водеше предизборната кампања на Трамп во 2016 година и беше висок советник во Белата куќа се додека не беше отпуштен од американскиот лидер во август 2017 година.

„Вториот мандат започнува со разрешување на Реј, со разрешување на Фаучи. Сега всушност сакам да одам уште подалеку, но сфаќам дека претседателот е човек со срце и добар човек. Всушност, би сакал да се вратам во времето… во Англија -би им ги забил главите на кол, би ги ставил во два агли на Белата куќа како предупредување до федералните бирократи“, рече Банон.