Твининг проект „Подобрување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавач“


Церемонија за отворање на твининг проектот „Подобрување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавач“ меѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија како главна институција корисник и Министерството за труд и социјални работи и семејство на Република Словачка, заедно со Регионалната развојна агенција од регионот на Братислава, Словачка, ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници.

На настанот, како што најави Министерството за труд и социјална политика, ќе се обратат министерката Јагода Шахпаска, раководителот на Одделот за соработка при Делегацијата на Европската Унија Стефен Худолин, амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш и проект лидер од земјата членка Карл Јокл.