ТВ 21: Али Ахмети на 2 септември ќе сведочи пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово


Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на 2 септември ќе сведочи пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, јави ТВ 21. Од кабинетот на Ахмети за телевизијата рекле дека се очекува тој да го даде своето сведоштво за 10 дена пред меѓународните обвинители на Специјалниот суд, за воените злосторства во Косово.

Извори од кабинетот на Ахмети објаснуваат за ТВ21 дека лидерот на ДУИ се очекува да замине во Приштина за да сведочи за неговата улога во ОВК.

Како што извести телевизијата, од кабинетот на Ахмети рекле дека на 2 септември е предвидено лидерот на ДУИ да отиде во Приштина за да сведочи, а меѓународните обвинители побарале тој да биде два дена на располагање на обвинителите за да сведочи.

Лидерот на ДУИ Ахмети минатиот месец на на неговиот фб профил објави дека на покана од Специјалното обвинителство на Косово ќе се јави во Специјалниот суд во Хаг да сведочи како еден од основачите на ОВК.