Туск: За седум часа ќе се знае кога ќе се случи Брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави денеска дека за седум или осум часа би требало „да биде познато кога ќе се случи Брегзит“.

– Теоретски за седум до осум часа би требало се да биде јасно, истакна Туск.

Тоа ќе им овозможи на лидерите на ЕУ да ги разгледаат предлозите за евентуален договор на дводневниот самит кој почнува в четврток во Брисел.

Британскиот премиер Борис Џонсон и понатаму верува дека неговата земја ќе излезе од Унијата на 31 октомври.