Тушт – го корнеме и газиме, а е бесплатна храна и лек


Растението кое често се смета за плевел е всушност бесплатна храна и неверојатен природен лек. Затоа излезете надвор и видете што се крие во вашиот двор, а ништо чудно да ви расте и на тераса во саксиите со цвеќиња.

Тушт (Portulaca oleracea) е едногодишно, но многу упорен пиреј кој штом ќе се насели во нашата градина или двор, тешко се отстранува (најчесто се крие под доматите – прво побарајте го таму).

Се користел во древниот Египет и древна Хелада, се одгледува во Кина и Индија повеќе од милениум, Французите од него прават различни традиционални јадења и супи… Ние Македонците сме единствените кои го газиме, го корнеме и го фрламе како плевел. Грците, на пример, го додаваат во препознатливата грчка салата, пишува Кајгана.

Туштот ќе го препознаете по месестите сочни лисја и жолтите цветови. Неговата репутација како обичен плевел произлегува од фактот што расте во различни услови, од плодно градинарско ѓубриво до неплодни закрпи и карпи. Отпорот на ова растение се рефлектира во тоа што неговите семиња можат да преживеат во почвата до 40 години. Туштот потекнува од Персија и Индија, но денес расте низ целиот свет. Постојат докази кои потврдуваат дека може да се користи за лекување на различни здравствени проблеми.

Истражувачите откриле дека туштот содржи повеќе антиоксиданси од спанаќот и дека концентрацијата на омега 3 масни киселини е поголема од количината што се наоѓа во некои рибини масла. Во полза на ова растение делува и фактот што е погоден за вегетаријанци и вегани.

1. Има шест пати повеќе витамин Е од спанаќот.
2. Има седум пати повеќе бета-каротин од морковот.
3. Има 25 мг витамин Ц (20% од препорачаната дневна доза), магнезиум, калциум, железо, витамин Б2, калиум, фосфор и манган.

Антиоксидансите го подобруваат општото здравје и го зајакнуваат имунитетот. Тие се сметаат за главни помагачи кај срцевите заболувања, артериосклероза, рак, губење на меморијата и губење на видот поврзано со возраста.

Омега-3 масните киселини го намалуваат ризикот од ревматоиден артритис, Алцхајмерова болест и деменција, астма, срцеви заболувања и депресија.


Туштот е богат со витамин А, кој спречува одредени видови на рак и го подобрува видот. 100 гр тушт обезбедува 44% од препорачаниот дневен внес на витамин А. Исто така е богат со витамин Ц и Б витамини, вклучувајќи рибофлавин, пиридоксин и ниацин, каротеноиди и трагови од минерали како што се железо, магнезиум и калциум.

Дејствува на подигање на имунитетот, ја подобрува работата и зајакнувањето на срцето и крвните садови и делува многу благо против нервоза и стрес, го подобрува варењето, здравјето и еластичноста на кожата. Има антибактериско и антигабично дејство, а може да помогне и при депресија. Сувите листови тушт имаат 16% активни антидепресивни супстанции. За таа цел се приготвува како чај.

Како свежо растение, туштот е и диуретик и благ лаксатив во исто време, па затоа е совршено растение за губење на тежината. Туштот е многу корисен за уринарни или дигестивни проблеми. Има антифунгални и антимикробни ефекти. Корисен е и за кожни болести – позитивно делува на акни, псоријаза и слично.

Запомнете дека туштот брзо почнува да ја губи својата хранлива вредност веднаш по берењето, па затоа треба да се консумира веднаш штом ќе го наберете.

Ако вашата градина е премногу мала или мислите дека ќе ја заземе целата градина, можете да го одгледувате и во затворен простор како домашно растение. Земете празен сад или што и да ви одговара, земја и органски семиња од тушт. Засадете ги семињата и одржувајте ја почвата влажна (внимавајте да не претерате со поливање) и почувствувајте ја радоста како расте вашиот мини тушт.

На Блискиот Исток туштот се продава во снопови и луѓето го користат за подготовка на разни јадења. Често се смета за освежителна храна во топлите региони. Се користи и за подготовка на некои типични медитерански јадења.

Туштот има благо соленкаст, малку неутрален, лигав вкус кој многу луѓе го сакаат, особено ако се јаде како салата. Сепак, како и секој зелен лиснат зеленчук, може да се користи за подготовка на супа, чорба, ризото, кајгана, а можете да го печете и во рерна.

Испржете го со лук и кромид и домати или подгответе здрава салата со малку маслиново масло и сок од лимон. Туштот е совршена и здрава состојка за подготовка на вашите омилени супи и шејкови.