Турските муслимани на прва петочна молитва по 74 дена


Верници во дворот на една џамија во Анкара. Владата дозволи отворање са на некои од џамиите

Верниците во Турција ги одржаа своите први молитви во петокот по 74 дена откако владата отвори некои џамии, пренесува Асошиетед прес. Молитвите се одржуваа во дворовите на избраните џамии, за да се минимизира ризикот од инфекција, пренесува американската новинска агенција. Властите дистрибуираа маски на влезот во џамиите, ги прскаа рацете со дезинфекциски средства и проверуваа температури.

Од верниците било побарано да носат свои теписи за молитва, но некои џамии нуделе килими од хартија за еднократна употреба, кои беа поставени на оддалеченост 1,5 метри.

Подоцна во петокот, исламските молитви ќе бидат прочитани и во истанбулската Аја Софија од 6 век – главната катедрала на Византиската империја која беше претворена во џамија со османлиското освојување на градот, тогаш познат како Константинопол, во 1453 година. Молитвите се одржуваат да се одбележи 567-годишнината од освојувањето.

Муслиманските молитви во Аја Софија се многу контроверзни и удираат во срцето на религиозно-секуларната поделеност на земјата.

Во 1935 година Мустафа Кемал Ататурк, основач на турската република, ја претвори зградата во музеј што привлекува милиони туристи, но некои исламски групи сакаат таа да се претвори во џамија.