Турскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од Чехов


НУ Турски театар вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од Антон Павловиќ Чехов, во режија на Нела Витошевиќ.

Улогите ги толкуваат Ирина Николаевна Аркадина Трепљова – Несрин Таир, Константин Гаврилович Треплов – Хакан Даци / Осман Али, Петар Николајевич Сорин – Џенап Самет, Нина Михајловна Заречна – Стефанија Начевска / Сузан Акбелге, Маша – Ебру Мусли, Борис Алексеевич Тригорин – Селпин Керим, Евгениј Алексеевич Дорн – Метин Ибрахим, Семјон Семјонович Медведенко – Неат Али.

Претставата се изведува на сцената на Театар Комедија со титл на македонски јазик.