Турскиот извоз на Балканот годинава зголемен за 25 отсто

Истанбул учествува со 47,9 отсто од извозот на Турција од 15,7 милијарди американски долари кон балканските земји


Турскиот извоз на Балканот за девет месеци од годинава е зголемен за 24,9 отсто во однос на истиот период лани и достигна 15,7 милијарди долари.

Најмногу е извезено во Романија, 4,7 милиони долари, додека најголем пораст во однос на истиот период лани забележа Црна Гора, пишува агенцијата Анадолија.

Според податоците што од Здружението на турски извозници (ТИМ), во првите девет месеци од годинава е остварен извоз од 15 милијарди и 698 милиони долари во балканските земји, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, до Македонија, Романија, Србија, Словенија и Грција.

Во истиот период лани таа бројка беше на ниво од 12 милијарди и 571 милион долари, па извозот на Балканот лани е зголемен за 24,9%.

Најголем извоз во наведениот период меѓу балканските земји е остварен во Романија (4,7 милијарди УСД), потоа Бугарија (3,4 милијарди УСД), Грција (2,1 милијарди УСД), Србија (1,3 милијарди УСД) и Словенија (1,2 милиони УСД).

Извозот на Турција во Албанија изнесува 742,8 милиони американски долари, потоа во Босна и Херцеговина (548,1 милиони американски долари), Северна Македонија (488,5 милиони долари), во Косово (483,1 милиони американски долари), во Хрватска (439,1 милиони американски долари) и во Црна Гора (118,6 милиони долари). Кога станува збор за извозот во балканските земји по градови, најголем е од Истанбул и изнесува 7,5 милијарди долари.

Со оваа сума, Истанбул учествува со 47,9% од извозот од 15,7 милијарди американски долари кон балканските земји.

Најголем извоз на Балканот оствари секторот хемиски материјали и производи со извоз на стоки во вредност од 2,8 милијарди долари.

Следниве сектори се челик, автомобилска индустрија, црни и обоени метали, електрична енергија и електроника.