Турската полиција приведе 1.005 лица во масовна операција во Истанбул


 Турската полиција приведе вкупно 1.005 лица за разни прекршоци во масовна операција спроведена доцна синоќа во Истанбул. 

Како дел од операцијата, полицијата изврши проверка на над 41.000 автомобили и 2.000 мотоцикли на патиштата во Истанбул и се испрашани речиси 330.000 луѓе на јавни места. 

Полицијата соопшти дека вкупно 1.005 лица осомничени за разни кривични дела се приведени за време на проверките и дека им се изречени казни во вкупен износ од над 708.000 турски лири.