Турнирот во Хонг Конг се враќа на АТП календарот
Тенискиот турнир во Хонг Конг ќе се врати во календарот на АТП следната сезона, по повеќе од 20 години отсуство, соопшти денеска Здружението на тениски професионалци (АТП).
Овој турнир на тврда подлога ќе се одржи од 31 декември до 7 јануари во пресрет на Австралија опен кој започнува на 15 јануари.
Хонг Конг ќе го замени турнирот во Пуна во Индија во календарот на АТП, пренесува Франс прес.