„Туркиш ерлајнс“ ги испрати на неплатено отсуство странските пилоти


„Туркиш ерлајнс“ ќе ги стави странските пилоти на неплатено отсуство за да го ублажи влијанието на пандемијата на корона вирусот врз нејзините финансии, објави Блумберг во неделата.

Турскиот национален авиопревозник преку е-пошта извести дел од персоналот на својот странски екипаж дека треба да заминат на одмор од 1 ноември и дека одлуката ќе биде разгледана по шест месеци.

Не беше веднаш јасно колку пилоти ќе бидат погодени и дали турските државјани ќе ја избегнат мерката за заштеда на трошоците.

Компанијата објави загуба од 2,23 милијарди лири (280 милиони американски долари) во вториот квартал, со бројот на патници намален за речиси две третини оваа година.