Туристите сѐ повеќе преферираат рани резервации на своите одмори: Зошто Турција е посакувана дестинација
За туристите кои планираат да резервираат хотел во наредните 12 месеци најатрактивни опции се попустите за рани резервации и комбинираните туристички пакети. Ова го покажува Индексот за вредност на патувањата за 2025 година на Expedia Group, позната меѓународна платформа од областа на туристичката индустрија. Предностите на раното резервирање се бројни, а меѓу нив клучни се попустите, како што потврдиле 50 отсто од испитаниците. Кога ова ќе се надополни и со пакет аранжманите, односно комбинации од авионски превоз плус сместување, трансфери од и до аеродромите, како и дополнителни услуги, раното резервирање станува општоприфатен модел.
Речиси сите крајбрежни одморалишта во Турција нудат можности за рано резервирање, почнувајќи од оние сместени на Турската ривиера во Анталија, па сè до егејските дестинации. Во овие туристички центри, морето, сонцето и песокот се спојуваат со богатата култура, гастрономијата и можностите за спорт и проактивност.

Како една од најпопуларните летни дестинации во Турција се смета Анталија, без разлика дали се планираат романтични патувања, соло или семејни одмори. Со предностите на раното резервирање, посетителите можат да обезбедат престој во луксузни одморалишта со елегантни соби и спектакуларен поглед, врвни ресторани, спа-центри, аквапаркови, а во регионот Белек и пристап до голф-терени од светска класа. Анталија има речиси 300 сончеви денови годишно, а во неа се сместени најголемиот број плажи со „Сино знаме“ во светот.
Градот изобилува со културни, историски и природни богатства, како што се античките градови Патара и Сиде, Портата на Хадријан, водопади и импресивни пештери. За љубителите на авантури се препорачува пешачење по легендарната Ликиска патека, рафтинг или нуркање. Богатата медитеранска кујна најдобро може да се доживее со вечера покрај старото пристаниште, каде што свежата морска храна се служи со поглед кон јахтите и зајдисонцето. Анталија е и втор најголем меѓународно поврзан туристички центар во Туркије, со директни летови од повеќе од 60 земји во текот на летната сезона, што ја прави главна порта кон Турската ривиера.

Од друга страна, Егејскиот регион нуди богат избор на дестинации, меѓу кои островите, но и динамичните туристички центри во Измир и Мугла. Измир се издвојува по опуштениот медитерански начин на живот, а посетителите можат да пробаат виндсурфинг во Алачати, да ја следат винската рута во Урла, да уживаат во гастрономски искуства во ресторани со Мишелин ѕвезди или да ги истражат блиските локалитети под заштита на УНЕСКО, какви што се Ефес и Пергамон.
Мугла, пак, се смета за ѕвезда на тој регион, а во неа се сместени некои од најпознатите туристички дестинации во Туркије. Со предностите на раното резервирање, туристите можат да престојуваат во луксузни хотели додека ги истражуваат знаменитостите, како Замокот во Бодрум и античкиот град Книдос, да ја посетат Долината на пеперутките, да летаат со параглајдер од планината Бабадаг и да ги набљудуваат карета-карета желките на плажите. Преку традиционалното „сино патување“ се ужива во убавината на заливите, додека, пак, надвор од крајбрежјето се препорачува истражување на античкото наследство и вкусување на локалната кујна.