Туристичките агенции ја избришаа Русија од понудата

Германските туристички агенции ја избришаа Русија од својата понуда како реакција на воената операција на руската војска во Украина.
„Поради актуелната ситуација на неодредено од етички и морални причини не нудиме повеќе патувања во Русија“, стои, на пример, на веб-страницата на туроператори „Berge&Meer”.
И ФТИ ги откажа сите термини за патување во Русија.
„Што се однесува на патувањата во Русија на неодредено нема да ги нудиме“, рече шефот на ФТИ, Ралф Шилер за дневникот „Билд“.
„Кој со нога гази на меѓународното право и воено го напаѓа соседот не може да биде толериран“, објсни Манфред Хојпл, директор на „Хаузер екскурзионен“, одуката од својата понуда да ја исфрли Русија.
И претседателот на Здружението на туроператори Михаел Булер преку интернет рече дека туризмот претставува културна размена, како и запознавање на народот, и дека тоа е спротивно на војувањето.