Туристичка промоција на Македонија во медиуми во регионот и Полска


Фото: Б. Грданоски

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) согласно програмските активности за 2022 година започна со првиот дел од медиумската кампања за привлекување поголем број странски туристи, што ќе се реализира во земјите од регионот – Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Турција, како и во Полска, поради зголемениот интерес на полски туристи за дестинацијата.

Како што соопштија од Агенцијата за промоција на туризмот, ова се традиционални пазари кои континуирано се меѓу првите 10 земји по број на туристи и остварени ноќевања. Медиумската кампања веќе е активна на најчитаните онлајн медиуми во регионот и се реализира преку промотивни банери, ПР текстови, туристички видеа, вклучително и промоција на социјалните мрежи.

– Медиумската кампања се реализира со цел задржување и зголемување на бројот на странските патувачи, за да се побуди нивниот интерес да ја одберат Република Северна Македонија како безбедна дестинација во која ќе го поминат нивниот годишен одмор. Земјава нуди атрактивна туристичка понуда, од езерски до планински туризам, еко и рурални туристички аранжмани, а за сите љубители на активните форми на туризам има адреналински тури, параглајдеринг, кајакинг, искачување по карпи, нуркање, јавање на коњ. За сите гурмани и ено-гастро концептот како туристичка понуда има што да овозможи, за да се вкусат најдобрите вина и да се пробаат највкусните традиционални рецепти приготвени секогаш од свежи продукти, наведуваат од АППТ.

Воедно од АППТ најавуваат дека од септември ќе се реализира и вториот дел на промоцијата, како медиумска, така и преку учество на интернационални саеми за туризам, додека пак релизацијата на информативни патувања за странски новинари и инфлуенсери се одвива тековно преку цела годин