Туре објави крај на кариерата


Поранешниот играч на Барселона и Манчестер Сити, Јаја Туре, објави дека ќе стави крај на неговата кариера. Веста беше потврдена денеска од страна на агентот на играчот, Димитри Селук, кој најави дека неговиот клиент ќе продолжи со тренерската професија.

Туре го напушти Манчестер Сити на крајот од минатата сезона, враќајќи се во својот поранешен тим Олимпијакос. Меѓутоа, тој помина само три месеци пред да го раскине договорот со клубот. Во својата богата кариера, поранешниот играч од средниот ред освоил многу трофеи, меѓу кои и три во Англија, како и триумф во Лигата на шампионите.

Покрај тоа, Туре има титула од Африканскиот Куп на нации со Брегот на Слоновата Коска и исто така е избран за најдобар играч на африканскиот континент за 2011, 2012, 2013 и 2014 година.

Кариерата на Туре во Европа започна во Металург Доњецк, а потоа помина низ Олимпијакос, кога ја освои титулата и грчкиот Куп. Следи трансфер во Монако, а потоа и во Барселона, каде поминува три години.

Нема сомнение дека неговите најдобри години беа во дресот на Манчестер Сити. Три титули, два успеси во Лига Купот и еднаш во ФА Купот.