Турците најбројни туристи, Холанѓаните со најмногу ноќевања 


Фото: Б. Грданоски

Во мај Македонија ја посетиле 98.998 туристи кои имале 205.356 ноќевања. Споредено со мај лани, бројот на туристи е помал за 4,8 отсто, а бројот на ноќевања за 2,8 отсто. Иако бројот на странски туристи, на годишно ниво, е намален за 5,2 проценти, бројот на ноќевања што ги направиле е зголемен за 2,1 отсто.

Најмногу туристи имало на езерските места – 44.916, со 95.210 ноќевања. Најголем број од нив – 42.985 биле сместени во хотели со 4 ѕвездички и таму имале 85.711 ноќевања.

Од странските туристи што во мај биле во Македонија (68.880), најбројни биле оние од Турција – 6.295 со 9.936 ноќевања. По нив следуваат гостите од Србија – 5327 со 11.164 ноќевања. Иако се подолу на листата, 4.315 Холанѓани што во мај биле во Македонија имале најмногу ноќевања, 20.842, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

ФОТО: Борис Грданоски