Турција забрани отпуштање од работа во 10 градови по земјотресите


 

Турција денеска воспостави привремена шема за поддршка на заработката и забрани отпуштања на работници во 10 градови, за да ги заштите работниците и претпријатијата од финансиски последици на разорните земјотреси кои го погодија југот на земјата што се случија порано овој месец.

Работодавачите чии работни места тешко или умерено трпат штети од земјотресите ќе имаат корист од оваа помош за делумно да ги покријат платите на вработените, на кои им е скратено работното време, пренесе Ројтерс.

Воведена е и забрана за отпуштање во 10 покраини погодени со земјотресите, во кои на сила е вонредна состојба.

Турскиот парламент на 7 февруари, на барање на претседателот реџеп Таип Ердоган, воведе вонредна состојба на три месеци.