Турција воведува казна за патниците кои се туркаат кон излезот на авионот

Анкара – Турција воведува нов закон со кој ќе ги казнува патниците во авионот ако пред време го откопчаат безбедносниот појас и станат од своето седиште.
Патниците ќе бидат казнувани ако тоа го направат пред пилотот да одобри. Новиот закон е инициран од жалбите на патниците кои ги почитуваат правилата.
Иако законот не ја одредува висината на казната, според турските медиуми таа ќе изнесува 2.603 лири (60 евра).
Новиот закон предвидува и казни за патниците кои се туркаат кон излезот на авионот.
Авиокомпаниите ќе мора да објават соопштение: „Не станувајте или не одете по ходник додека не дојде ваш ред да излезете од авионот“. Авиокомпаниите кои нема да ги спроведуваат законите, исто така, би можеле да бидат казнети.