Турција предупредува за можното грчко проширување на територијалните води


Можното грчко проширување на територијалните води по должина на морската граница кон Турција би било повод за војна, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

– Нема да дозволиме Грција да ги прошири своите територијални води во Егејското Море на 12 милји“, рече Чавошуглу, пренесе „Дејли Сабат“.

Ова предупредување следи откако грчкиот премиер Киријакос Мицотакис минатата недела објави дека грчките територијални води во Јонското Море, кон Италија, ќе бидат проширени од чест на 12 милји.

И Тудција и Грција имаат шест милји територијално море во Егејското Море, каде се наоѓаат голем број грчки острови недалеку од турскиот брег.

Грција и Турција, двете членки на НАТО, спорат последните денови околу турските планови за истражување во источното Средоземје, за кое се верува дека е богато со нафта и гас.