Турција почна да го плаќа со рубљи рускиот гас


 

Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез денеска изјави дека Турција почна да плаќа дел од руските испораки на природен гас во рубљи.

Анкара и Москва во септември се договорија гасот да се плаќа во рубљи.

Донмез најави и конкретни планови за спроведување на рускиот предлог Турција да стане база за снабдување на Европа со руски гас и до крајот на годината ќе се одржи конференција со добавувачите и купувачите.

Рускиот претседател Владимир Путин во октомври предложи Турција да стане база и алтернативна рута за снабдување на Европа со руски гас откако гасоводите Северен поток 1 и 2 во Балтичкото Море беа оштетени во експлозии.