Турција го повика американскиот амбасадор на разговор


Турција– Американскиот амбасадор во Турција Дејвид Сатерфилд беше повикан во турското Министерство за надворешни работи на разговор, откако Претставничкиот дом на САД ги призна масовните страдања на Ерменците за геноцид и повика на санкции за Турција поради операциите во Сирија.

Турција признава дека 1,5 милиони Ерменци кои живееле во Отоманското царство биле убиени за време на судирите со османлиските сили за време на Првата светска војна, но негира дека убиствата биле систематски оркестрирани и дека претставуваат геноцид.

Претставничкиот дом на САД синоќа изгласа признавање на геноцидот на народот на Ерменија од страна на Османлиската империја. Прес службата на Претставничкиот дом соопшти дека за одлуката гласале 405 конгресмени, а 11 биле против.