Турција го осуди познатиот новинар Џан Дундар на 27 години затвор


Пресудата му е изречена во отстуство, затоа што Дундар веќе неколку години е во германија. Адвокатите велат дека преудата за поранешниот главен уредник на „Џумхуриет“ е политички мотивирана

 

Познат турски новинар е осуден во отсуство на повеќе од 27 години затвор под обвинение поврзано со тероризам, што неговиот правен тим го опиша како политички мотивирано.

Џан Дундар, кој го уредуваше турскиот весник „Џумхуријет“ пред да побегне во Германија во 2016 година, претходно беше прогласен за виновен од истанбулскиот суд за шпионажа и помагање на вооружена терористичка организација

Неговите адвокати одбија да присуствуваат на последното рочиште во средата, велејќи во писмената изјава претходно дека „не сакаме да бидеме дел од практиката за легитимирање на претходно одлучена, политичка пресуда“. Тие ќе се жалат на пресудата.

„Жално е и чудно што знаевме каква ќе биде пресудата во мојот случај пред да заврши случајот. Во Турција веќе нема средства да се браниш затоа што не може да им се верува на судиите и судството“, изјави Дундар за „Гардијан“.

„Пораката што турската влада ја испраќа со оваа тепка казна за новинар е дека ‘ако известувате за чувствителни прашања, ова ќе ви се случи’. Мојот страв е дека оваа пресуда дополнително ќе ги одврати новинарите кои сѐ уште се во Турција да ја вршат својата работа“.

Дундар беше осуден на 18 години и девет месеци за „обезбедување доверлива информација за шпионажа“ поврзана со неговото новинарство и уште осум години и девет месеци за помагање на следбеници на протераниот свештеник Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува за обидот за воен удар во 2016 година.

Дундар, гласен критичар на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, е еден од најпознатите од илјадниците турски новинари, политичари, академици, адвокати и државни службеници кои беа збришаниво акцијата на турската држава последниве години затоа што не се согласуваат. Критичните медиуми се затворени или купени од луѓе кои имаат врски со владејачката партија на Ердоган за Правда и развој (АКП). Речиси половина од вработените во „Џумхуриет“ се затворени.

Владата тврди дека судовите во Турција функционираат независно и дека нејзините активности се оправдани со сериозните закани со кои се соочува земјата.

Дундар и Ердем Ѓул, шеф на бирото на „Џумхуриет“ во Анкара, прво беа уапсени во 2015 година и осудени на по пет години затвор за објавување вести за наводно пренесување оружје на сириските борци преку јужната граница на Турција со камиони управувани од турските разузнавачки служби

Извештајот го разбесни Ердоган, кој во тоа време рече дека камионите носат помош за Сирија и вети дека „Џумхуриет“ „ќе плати висока цена“ за објавувањето на сторијата.

Турција оттогаш започна четири прекугранични операции и отворено поддржува чадор на милитантни групи кои се борат во граѓанската војна во Сирија.

Подоцна, двојката беше ослободена во очекување на жалбата, но Дундар повторно беше осуден на речиси шест години во мај 2016 година за „добивање и откривање на класифицирани документи поврзани со безбедноста на државата“. За време на тоа сослушување напаѓач пукаше во него пред судот, но не беше повреден.

Врховниот апелациски суд ги смени пресудите на Дундар и Ѓул во 2018 година, но судот во Истанбул го започна нивното судење во мај истата година.

Турските власти веќе побараа екстрадиција на Дундар од Германија и ги замрзнаа неговите средства во Турција во октомври.

Според годишниот глобален извештај на Комитетот за заштита на новинарите, објавен минатата недела, Турција се најде на второто место по Кина во врвот на земјите по затворени медиумски работници. Откриено е дека 37 новинари биле уапсени во Турција во 2020 година – помалку од половина од бројот приведени во 2016 година, околу времето на обидот за државен удар.

„Повеќе не сум во затвор во Турција, но јас и сопругата сепак плативме многу висока цена“, рече Дундар. „Сè што имав го нема. По 40 години во новинарството, мора да започнеме повторно. Тоа е цената што треба да ја платиме за одбрана на вистината“. (Гардијан)