Турција го ослободи од притвор мажот вмешан во атентатот на претседателот на Хаити


Турција го ослободи и испрати во САД лицето по кое трагаше Хаити поради неговата вмешаност во атентатот на претседателот на земјата Жовенел Моиз, потврди денеска еден од неговите адвокати.

Моиз (53) беше убиен пред една година, на 7 јули во својот дом, а во нападот беше ранета и неговата сопруга.

Бизнисменот од Хаити, Самир Хандал, со седиште во Мајами, беше уапсен по потерница на Интерпол во Турција кога во ноември минатата година ги напушти САД за да замине во Јордан.